Добројдовте на сајтот на www.praticestitka.mk во сопственост на ИГАЛ Гроуп ДОО – Скопје. Со негово користење Вие се согласувате со условите на употреба. Ве молиме прочитајте ги внимателно.
Ако имате некои прашања обратете ни се. Ако НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ со условите, не пристапувајте на веб страницата.
Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната на www.praticestitka.mk е забрането.
За технички ненамерни грешки ,неправилен опис на производите кои би можеле да се појават на веб страницата www.praticestitka.mk однапред се извинуваме и не превземаме никаква одговорност. ИГАЛ Гроуп ДОО – Скопје, го задржува правото да го смени дизајнот на целокупната веб страна без претходна најава.
Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.
За користење и регистрирање на нашиот сајт треба да ги исполнувате следниве услови:
– Да имате најмалку 18 години / важи само за купувачи
– Да не се обидувате да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации
– Вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба
– Да правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда
– Да оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот каде оставате податоци
– Да ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време
Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување ( доколку се регистрирате на веб страната)
КУПУВАЊЕ НА ЧЕСТИТКИ
Купувачот има право да ја одбере честитката која е понудена на веб страната на www.praticestitka.mk и истиот да направи нарачка со што ќе ја определи количината начинот на испорака и останатите опции понудени на самата веб страна. Купувачот има право во секое време да ја откаже, дополни или измени честитката се до моментот пред да го реализира плаќањето. Со самото реализирање на плаќањето купувачот склучува договор со ИГАЛ Гроуп ДОО – Скопје, за купување и испорака на честитката во согласност со условите кои се објаснети на оваа страница.
ИГАЛ Гроуп ДОО – Скопје, го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Ве известуваме дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на ИГАЛ Гроуп ДОО – Скопје, и ИГАЛ Гроуп ДОО – Скопје, не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на ИГАЛ Гроуп ДОО – Скопје, е веб страната www.praticestitka.mk да биде достапна 24/7, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Ве известуваме дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на ИГАЛ Гроуп ДОО – Скопје, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.
Сите податоци и информации објавени на интернет страната www.praticestitka.mk се од информативен карактер и за истите ИГАЛ Гроуп ДОО – Скопје, го задржува правото за промена и менување во зависност од условите и потребите.
Како резултат на специфичноста на медиумот “интернет“, доколку поинаку не е предвидено согласно позитивните прописи во Р.Македонија, ИГАЛ Гроуп ДОО – Скопје, не превзема одговорност за точноста и веродостојноста на објавените информации и документи.
ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА
ИГАЛ Гроуп ДОО – Скопје, Македонија не врши поврат на средствата на купувачот, секоја продажба (купена честитка) е финална.
НАЧИН НА ИСПОРАКА
Испораката на честитките се извршува на адресата која купувачот ја определил во нарачката и на начин кој го одбрал при самото правење на нарачката. ИГАЛ Гроуп ДОО – Скопје, (www.praticestitka.mk) ви овозможува испорака на честитките:
– Бесплатна испорака (која е вклучена во цената на честитката од 99 денари) преку МАКЕДОНСКА ПОШТA, времето на испорака изнесува од 2 до 7 работни дена од моментот на правењето на нарачката. Во рокот на испорака не се рачунаат неработните денови. Секоја нарачката која е направена по работното време од 17 часот или во неработен ден, времето за испорака започнува да тече од наредниот работен ден. Можните доцнења не зависат од ИГАЛ Гроуп ДОО – Скопје.
Испораката на честитките се врши во сите градови и поголеми населени места во Македонија.
Подршка на корисници
За било какви информации и прашања во врска со купување и испраќање на честитките може да се јавите на телефонот +389(0)71 700 070 кој е достапен во периодот од 10:00 часот до 18:00 часот ( Понеделник-Петок) по Македонско Време, или да не комуницирате 24/7 преку нашиот е-маил: kontakt@praticestitka.mk